Нема врвни спортски резултати без врвни тренери.
Даниела Колева во моментов учи од светската елита на престижниот International Coaching Course (HUSS) во Будимпешта. Интерактивни предавања, најновите технологии во спортската наука и модерен пристап кон практичниот тренинг – тоа е нејзиното секојдневие овие 8 недели.
Теорија, интензивна пракса и вмрежување со тренери од целиот свет. Знаење кое наскоро го носиме дома за нашите тренери!
Вложувањето во стручниот кадар е единствениот пат напред.
#МОК #спортскаедукација #OlympicSolidarity