images

ЕЛЕНА ЗИСОВСКА АПОСТОЛСКА

Шеф на Канцеларијата на Претседателот

e.zisovska@mok.org.mk

Елена Зисовска Апостолска е шеф на Канцеларијата на Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) од 1 ноември 2025 година, каде ги поддржува управувачките процеси. Професионалка е со долгогодишно искуство во спортска администрација и проектен менаџмент, посветена на промоцијата на олимписките вредности, еднаквоста и инклузивноста. Била раководител за акредитација на ЕМОФ Скопје 2025, а претходно работела во Триатлон федерацијата на Северна Македонија (односи со јавноста, претседателка на Комисијата за родова еднаквост) и во Специјална олимпијада на Северна Македонија, каде била и шеф на делегацијата на Светските игри во Абу Даби 2019. Дипломирала право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, завршила напредна обука по спортски менаџмент и учествувала на Програмата за спортски посетители на Стејт департментот на САД.
Sara-za-sajt

САРА ГЛОГОВАЦ

Шеф на Канцеларијата на Генералниот секретар и проектен координатор

s.glogovac@mok.org.mk

Сара Глоговац е шеф на Канцеларијата на Генералниот секретар и проектен координатор во Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), каде работи од 2021 година. Координира национални и меѓународни проекти, меѓу кои еразмус+ проекти од областа на родовата еднаквост, одржливоста и намалувањето на јаглеродниот отпечаток, дуалната кариера, правата на спортистите, волонтерството, инклузијата и лицата со попреченост. Ги организира и традиционалните настани на ОКСМ, како Олимпискиот ден и Гала-вечерта „Златна Олимпија“. До јули 2025 година беше раководител на волонтерскиот оддел за ЕМОФ Скопје 2025. Била шеф на мисија на ЕМОФ 2022 и заменик шеф на мисија на Олимписките игри Париз 2024. Магистрирала односи со јавност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ја завршила Академијата за човечки ресурси при СЕМОС.
Saso Popovski

Д-р Сашо Поповски

Раководител на Сектор за меѓународна соработка и комуникации

s.popovski@mok.org.mk

Д-р Сашо Поповски е раководител на Секторот за меѓународна соработка и комуникации во Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ). Од 2007 до 2025 година беше Генерален секретар на ОКСМ. Претходно, од 1999 до 2007 година, раководеше со Одделението за меѓународна соработка во Министерството за млади и спорт, каде учествуваше во имплементацијата на клучни меѓународни конвенции и во развојот на националните антидопинг програми. Бил шеф на мисија на повеќе летни и зимски олимписки игри. Како професор по спортски менаџмент и маркетинг на Универзитетот Скопје, пет години беше декан на Факултетот за спортски туризам. Докторирал на тема поврзана со Европската Унија и спортот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и е носител на извршна магистерска диплома по спортски менаџмент (МЕМОС) од Универзитетот во Поатје, Франција, добиена под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. Од 1995 година е овластен судски преведувач за англиски и српски јазик.
Rakovoditel na sektor sport

Петар Спасеновски

Раководител на Сектор спорт

p.spasenovski@mok.org.mk

Петар Спасеновски е раководител на Сектор спорт во Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ). Ја координира соработката и комуникацијата меѓу националните спортски федерации и ОКСМ, ги следи подготовките и квалификациските патеки на врвните спортисти за Олимписките игри, соработува со тренери и спортски стручни лица и учествува во планирањето и реализацијата на национални спортски проекти и настани. Професионален каратист од меѓународна класа, со 20 години врвна кариера и 14 државни титули. Освоил е јуниорска европска бронза (Ларнака 2016), балканска титула до 21 година (Дубровник 2018), европско злато до 21 година (Алборг 2019) и сениорска европска бронза (Газиантеп 2022). Во 2019 година беше број еден на ранг-листата на Светската карате федерација до 21 година (до 84 кг), настапувал во Премиер лигата на федерацијата и е добитник на државно признание за спортски постигнувања. Апсолвент е на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со фокус на спортско право и спортски интегритет, и е обучен за лице за контакт за превенција од манипулации во натпреварите, во соработка со ОКСМ. Зборува македонски, англиски и српски јазик.
Aleksandar-Bogoevski

Александар Богоевски

Директор на Спортскиот центар „Јане Сандански

a.bogoevski@mok.org.mk

Александар Богоевски е директор на Спортскиот центар „Јане Сандански“ при Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) од 2025 година. Одговорен е за оперативното и финансиското управување и стратешкото планирање на центарот, како и за соработката со спортските федерации, државните институции и партнерите. Во 2024 и 2025 година беше извршен директор на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Има над 14 години искуство во финансиско планирање и анализа, управување со буџети и извештаи, стекнато во ИБМ (Братислава), ДХЦ Текнолоџи (Прага) и МВ Енерџи (Скопје). Магистрирал управување со спортски организации на Универзитетот во Лерида, Шпанија (програмата МЕМОС, поддржана од Меѓународниот олимписки комитет и Олимписка солидарност), а дипломирал бизнис администрација со специјализација за финансии на Технолошкиот институт во Илиноис, Чикаго, со пофалба. Зборува македонски, англиски, шпански, каталонски, италијански и српски јазик.
Daniel PopIvanov

Даниел Поп-Иванов

Финансии и сметководство

d.popivanov@mok.org.mk

Даниел Поп-Иванов работи во Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) во областа на финансиите и сметководството. Има искуство во сметководство и финансии, а за време на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 беше одговорен за финансиите.
Trpe Stojkoski

Трпе Стојкоски

Менаџер за дигитални медиуми и мултимедијални содржини

t.stojkoski@mok.org.mk

Трпе Стојкоски е менаџер за дигитални медиуми и мултимедијални содржини во Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ). Со повеќе од две децении искуство во областа на дигиталните медиуми, одговорен е за управување со социјалните мрежи, одржување и уредување на веб-страницата, како и за создавање, снимање и фотографирање на оригинален мултимедијален контент. Долгогодишното искуство, страста кон спортот и визуелната комуникација придонесуваат за професионална и современа презентација на активностите и успесите на македонските спортисти.
Mirko-Dimcevski

Мирко Димчевски

Оператива

mok@mok.org.mk

Мирко Димчевски работи во оперативата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ). Поранешен врвен борач, кој се натпреваруваше во категориите до 48 и до 52 кг и настапуваше за БК Вардар, БК Бучим и БК Скопје, а четири години имаше интернационална кариера во Швајцарија. Победник е на десет државни првенства, 15 години беше репрезентативец во поранешна Југославија, а учествуваше на Медитерански игри, каде освои и медал, и на Балкански првенства. Во 2024 година ја доби државната награда „8 Септември“ за остварувања во областа на спортот.