Олимписки центар „Јане сандански“

Услуги

Голема спортска сала

Големата спортска сала Јане Сандански нуди услови за одржување на поголеми спортски настани, домашни и меѓународни натпревари,културни манифестации, концерти, митинзи и сл.Салата има капацитет од 6500 посетители.

Мала спортска сала

Оваа помошна сала ги исполнува сите технички и професионални стандарди и е наменета за рекреативно спортување но и за одржување на помали спортски, културни, деловни и други активности и манифестации.

фитнес центар

Фитнес центарот Cybex е најсовремено опремен во земјава. Опремен е со 10 TRX, степери, најсовремени циклони ARC, спинери, статични велосипеди, ленти за трчање, јажиња, препреки, скали, Bosu топки, балансери.

Тимот од врвни инструктори е постојано на располагање за демонстрација на вежбите и совети за исхрана и здрав живот.

Нивото на професионалноста и љубезноста на тимот, како и хигиената се на највисоко ниво. Додека спортувате можете да уживате во внимателно одбрана музика која дополнително придонесува за уште поголема мотивација кај членовите на фитнес центарот.

аеробик

Во програмите нудиме мултифункционални тренинзи со побрзо и интезивно темпо, аеробик и пилатес, total body workout и светски познатата програма Insanity.