за нас


Македонскиот Олимписки Kомитет е 195-ти член на Меѓународниот Олимписки комитет. Негов претседател е Даниел Димевски, генерален секретар е Д-р Сашо Поповски, а спортски директор е Владимир Богоевски.

Македонскиот Олимписки Kомитет ја одвива својата активност преку 16 органи и тела меѓу кои се Собранието и Управниот одбор. Во ширењето на олимпизмот има востановено повеќе традиционални манифестации: Олимписки денови (зимски и летен), Олимписки часови, Олимписки ден, Олимписки Пикник и друго. Македонскиот Олимписки Kомитет иницира и поддржува повеќе приредби од спортски, културен или хуманитарен карактер.

logo_blanc
mok-fb3-1
1
Спортисти
1
Медали

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА

МОК

  • Подготовка и учество на спортистите од Република Северна Македонија на Летните и Зимските Олимписките игри
  • Развој и ширење на олимпиското движење во Република Северна Македонија
  • Почитување на Олимписката повелба
  • Ширење на основните принципи на Олимпизмот преку активности и програми кои се реализират во рамките на образовниот и културниот живот
  • Развој на врвниот спорт
  • Развој на меѓународна соработка во областа на спортот
  • Грижa за здравјето на спортистите, посебно почитувајќи го медицинскиот код на Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција

олимписки игри


Покрај учеството на летните и зимските Олимписки игри и Европските игри (ЕИ Баку 2015), МОК ги организира и настапите на младите македонски спортисти на Младинските олимписки игри (МОИ). Да потсетиме, првите летни МОИ се одржаа во Сингапур 2010. Вторите летни МОИ се одржаа во Нанџинг (Кина) во 2014, а првите зимски МОИ се одржаа во Инсбрук (Австрија).

Македонскиот Олимписки Kомитет е полноправен член и на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри и врз основа на оваа привилегија и обврска, нашите најдобри спортисти учествуваа на Медитеранските игри во Мерсин (Република Турција), каде што освоија 1 (еден) сребрен и 4 (четири) бронзени медали.

Во 2002 година беше и домаќин на третиот натпревар на Олимписките надежи од Балканот. Првото учество на спортисти од Македонија на летните олимпијади е врзано за австралиското копно, односно во Мелбурн 1956. На ОИ Барцелона 1992 година, македонските спортисти настапија со статус - независни учесници бидејќи МОК се уште не беше примен како полноправен член на ИОК, па оттука ЛОИ Атланта 1996 е првата нивна олимпијада под знамето на Република Македонија. Што се однесува до зимските олимписки игри, првото учество на македонскиот олимписки тим е врзано за Нагано 1998 година.

ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ

Македонските спортисти имаат освоено 2 олимписки медали на летна олимпијада: сребро и бронза. Како дел од СФРЈ освоени се дополнително 2 злата, 5 сребра и 6 бронзи. Повеќето од медалистите се членови на "Клубот на великаните" на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми, досега ги имаат исполнето 17 спортисти и спортски експерти. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.


Македонскиот Олимписки Kомитет има востановено и други признанија, меѓу кои и Повелба на МОК и Олимписка ѕвезда. Повелбата на МОК за посебни заслуги за развојот на олимпизмот и спортот му е доделена на Хуан Антонио Самаранч, а прв носител на Олимписката ѕвезда е Мишел Платини.