Ѓорги Тасев

Ѓорги Тасев

Генерален секретар на ОКСМ

g.tasev@mok.org.mk

Ѓорги Тасев е Генерален секретар на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) од 1 ноември 2025 година. Ја раководи секојдневната работа на Канцеларијата, ги спроведува одлуките на Собранието и на Управниот одбор и ја остварува официјалната комуникација со Меѓународниот олимписки комитет, спортските федерации и државните институции. Претседател е на Комисијата за е-спортови и нови спортови при ОКСМ. Во 2025 година беше раководител за централно планирање и операции на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Од 2018 до 2024 година беше советник за млади и спорт на претседателите на Владата на Република Северна Македонија. Во тој период учествуваше во изработката и измената на закони и други општи акти, меѓу кои Законот за младинско учество и младински политики и Националната стратегија за млади 2023–2027, беше член на бројни работни групи и тела и претставник на Владата во Советот на Европа, во Европскиот управен комитет за млади и во Заедничкиот совет за млади. Како поранешен кошаркар и основач на кошаркарски клуб, добро ја познава работата на спортските федерации и потребите на спортистите. Работел како проектен менаџер, консултант, обучувач и предавач, и е автор и коавтор на истражувања, анализи и стручни текстови од областа на младинските политики, правото и јавните политики. Стипендист е на Школата за управување „Блаватник“ при Универзитетот во Оксфорд (2022) и алумни на Американскиот совет на млади политички лидери (Вашингтон, 2024), а учесник е и на Европскиот универзитет за младински политики на Советот на Европа (Рига, 2023). Комуникации усовршувал на Школата за комуникација „Бергс“ во Стокхолм. Магистер е по правни науки, отсек административно право. Зборува англиски и српски јазик, а се служи и со германски.