Спортско-арбитражен суд
САС е самостоен и независен орган на Македонскиот Олимписки Kомитет за решавање на споровите за права со кои странките слободно располагаат, освен доколку за тој вид на спорови не е предвидена исклучива надлежност на суд на Република Северна Македонија. Надлежноста на САС може да се договори за арбитражно решавање на спорови помеѓу спортисти, физички и правни лица кои вршат спортска дејност и спортски здруженија и организации, за права со кои странките слободно располагаат, ако со закон не е предвидено дека за решавањето на одреден вид на спорови постои исклучива надлежност на судовите на Република Северна Македонија
Како да се договори надлежност на САС?
Договарањето на надлежноста на САС се врши со писмен договор, кој може да биде во вид на арбитражна клаузула предвидена во основниот договор или во вид на посебен договор со кој на недвосмислен начин се утврдува дека надлежност за решавање на одреден спор ќе имаСпортскиот арбитражен суд при Македонскиот Олимписки Kомитет (САС), во согласност со утврдените правила на постапката. За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула: "Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговата полноважност, ќе се решаваат пред Спортскиот арбитражен суд при Македонскиот Олимписки Kомитет (САС), во согласност со Арбитражните правила на Спортскиот арбитражен суд (САС)". Македонскиот Олимписки Kомитет останува на целосно располагање за какви и да се прашања во врска со наведеното.