Назад
Душица Бреслиева со златен медал од Грција

Олимписката стипендистка Душица Бреслиева освои злато на меѓународниот турнир „Грција опен“ во Кожани


Македонското знаме се развеа во Грција. Олимписката стипендистка Душица Бреслиева освои златен медал на меѓународниот таеквондо турнир „Грција опен Г1,Е1“, што се одржа во Кожани, во јуниорската категорија до 55 килограми.


На патот до финалето Бреслиева ги победи Талеија Варосу (2:0), Константина Алексиу (2:1) и Евтикија Дермани (2:0). Во финалната борба ја победи Ифигенија Кумуди од Грција со 2:1.


Тренерите Сашко и Жарко Арсовски го поздравија успехот и истакнаа дека спортистката, по четири тешки победи, стигнала до врвот. Со честитки се обратија и до клубот ТКД Штип.


Посебно значење има фактот дека Душица Бреслиева е олимписка стипендистка.

breslieva-758x470