Олимписки центар „Јане сандански“
Вашиот вистински спортски центар!
Спортско медицинска лабораторија
за високи спортски перформанси на МОК
Во составот на Олимпискиот центар “Јане Сандански“, отворена е и започна со работа единствената Спортско медицинска лабораторија за високи спортски перформанси на МОК, акција која претставува нова силна поддршка за најдобрите македонски спортисти – Олимпијци и можни идни учесници на Олимписките игри. Спортско медицинската лабораторија за високи спортски перформанси содржи опрема за дијагностика и закрепнување, од основните уреди за мерење на надолжни димензии на скелети, кожни набори, биоелектрична импеданса, велосипед ергометар за дијагностика, мобилна ергоспирометрија +ЕКГ за лабораторија, уреди за анализа на одење и асиметрија на телото – мобилни уреди, уреди за сите скокови (CMJ, DJ), жироскоп за рамнотежа, уреди за тензио-миографија, мобилни уреди за изометрични и екцентрични тестирања и уште многу други апарати за мерење на основните спортски психо-физички варијабли и фактори кои имаат влијание на врвните спортски перформанси на најдобрите македонски спортисти.
Деловен простор
ценовник
Притиснете на линкот за да го преземете ценовникот на С.Ц. „Јане Сандански“