Назад
Мини Олимписки игри Куманово 2026

Куманово денеска беше во знакот на спортот, дружењето и олимпискиот дух 🏅


Успешно се реализираа третите од четирите Мини Олимписки игри 2026 во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност, со учество на 240 ученици и 20 наставници 💪


Настанот свечено го отворија претседателот на МОК и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, кои ја истакнаа важноста на спортот и олимписката едукација кај младите.


Во рамки на активностите, Македонскиот олимписки комитет донираше спортска опрема и училишен инвентар во четири основни училишта, меѓу кои кошаркарски, фудбалски и одбојкарски топки, конуси, хулахопи, мрежи за кошеви, спортски реквизити, како и едукативни и наставни материјали за останатите училишни предмети, со цел да се подобрат условите за учење, развој и спорт кај учениците 🏀📚⚽


ООУ “Кочо Рацин”

ООУ “11 Октомври”

ООУ “Толи Зурдумис” 

ПООУ “Христијан Карпош” с.Драгоманце


Преку игра, тимска работа и фер плеј, учениците уште еднаш покажаа дека олимписките вредности живеат меѓу младите 🔥


Продолжуваме понатаму со уште повеќе спорт, едукација и позитивна енергија! 🏆


#OlympicSolidarity

#InternationalOlympicCommittee

#ovepeducation