ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МОК

Роден на 30.04.1969 год. во Скопје

Образование

Дипломирал на Економскиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Магистрирал на Правниот факултет во Скопје на отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија.

Течно говори, чита и пишува англиски. Се служи со италијански јазик.

Спортска и спортско-менаџерска кариера

Настапувал за студентскиот тим во кошарка на Економскиот факултет 1989-1990

Претседател на КК Работнички од 1996-2001 (четири пати државен првак на Македонија)

Претседател на Македонската кошаркарска федерација 2005-2015 (ја превзеде Федерацијата во дивизија Б за веднаш потоа да се пласира во дивизија А и четири пати по ред да обезбеди учество на завршниците од европските првенства вклучително и освојувањето на епското 4-то место во Литванија што е досега највисокиот пласман на една репрезентација од колективните спортови).

Претседател на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа 2010-2014 ( го промени форматот од 16 на 24 земји учеснички на ЕП, воведе нов систем на организација на ЕП со повеке земји коорганизатори, додели и организираше 13 ЕП за млади категории во Македонија).

Беше кандидат за Претседател на ФИБА Европа 2014 год. каде во финалната изборна рунда загуби од сега актуелниот претседател на ФИБА Европа.

Член на Управниот одбор на МОК од 2012 наваму.

Поседува титула Програмски директор и е официјален предавач на Напредниот семинар за  спортски менаџмент под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет ИОК, на предметот – Финансиски менаџмент, од 2015 наваму.

Од 2017-2020, Советник на Премиерот на РСМ за прашања од областа на спортот.

Автор е и реализатор на Ваучерскиот систем за финансиска подршка на спортот.

Награди и признанија

Добитник е на највисокото државно признание – Златен медал (орден) за заслуги за Македонија за промоција на државата во областа на спортот.

Добитник е на престижното ФЕР ПЛЕЈ признание од ФИБА Европа за својот учинок во рамките на таа организација како и Признаница за исклучително успешно раководење на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа како нејзин претседател. 

Има титула на Почесен граѓанин на градот Темпи во Аризона, САД.

Добитник е на Признанието “ Спортски работник на деценијата“ .

Политички ангажман:

Не е член ниту досега членувал во ниту една политичка партија.

Семеен статус:

Оженет, татко на четири деца.