Назад
Претседателот Даниел Димевски учествуваше на Изборното генерално собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG)
IMG-20260824-WA0017

Претседателот Даниел Димевски учествуваше на Изборното генерално собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG) одржано во пресрет на церемонијата на отворање на Медитеранските игри „Таранто 2026“.


На Собранието, Франческо Пуромуто од Италија беше едногласно избран за нов претседател на ICMG за мандатниот период 2026–2030 година.


За членови на Извршниот комитет беа избрани:


🇹🇳 Мехрез Бусајен – 1. потпретседател

🇫🇷 Бернар Амсалем – 2. потпретседател

🇬🇷 Јаковос Филипусис – генерален секретар

🇨🇾 Јотис Јоанидис – благајник


Во Извршниот комитет членуваат и:

🇪🇬 Јасер Идрис

🇲🇪 Маја Пековиќ

🇵🇹 Педро Фароба

🇪🇸 Кајетано Корнет

🇩🇿 Абдерахман Хамад

🇸🇮 Блаж Перко

🇹🇷 Ајда Улуч


Извршниот комитет дополнително ќе биде проширен со двајца нови членови, како и со претседателот на Комисијата на спортисти.

IMG-20260824-WA0018