Назад
Историски успех во Таранто: Борачите донесоа три медали за Македонија

Македонските борачи донесоа голем резултат и успех за нашата земја на Медитеранските игри во Таранто, настан на кој се освоени три медали.


Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари се имињата на тројцата јунаци кои донесоа знаечаен резултат, два сребрени и една бронзена медала.


Вејсели и Хајдари се закитија со сребра, двајцата загубија во финалните средби од Ислам Дудаев и Даурен Куруглиев во категории до 74 и 97 килограми.


Магомедов пак дојде до бронза откако во борбата за медал издоминира против Габриеле Николини со технички туш (10-0).

IMG-20260824-WA0020