Назад
ПОДДРШКА ОД МОК ЗА КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
Branimir i Daniel

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски оствари работна средба со претседателот на Параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски.

Тема на состанокот беше обезбедување на термини во Олимпискиот центар Јане Сандански за тренинг и настап на екипата на Параолимпискиот комитет во кошарка во колички.

Македонскиот Олимписки комитет дава огромна поддршка за иницијативата и во најскоро време очекуваме повторна средба за потпишување на Меморандум за соработка.

До крајот на месец март се очекуваат да пристигнат во Македонија и преостанатите 4 колички и во најскоро време ќе се започне со континуиран тренажен процес.