Назад
СКОПЈЕ НА МРАЗ 2023

⛸️ За сите љубители на уметничкото лизгање ⛸️

Овој викенд ќе биде вистински празник за љубителите на уметничкото лизгање. На 10 и 11 февруари (петок и сабота), во организација на Федерација за Лизгачки Спортови на Македонија по седми пат ќе се одржи меѓуклубски и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје на мраз 2023“ (Skopje on Ice 2023).

На овој престижен спортски настан ќе учествуваат 75 натпреварувачи на возраст од 5 до 22 години. Тие ќе бидат поделени во пет категории: деца Ц, Б и А, младинки и јуниорки и три интерпретативни категории. На натпреварот покрај од нашата држава, пријавени се и натпреварувачки од Србија, Бугарија, Грција и Италија.

Натпреварот ќе биде поделен во два дена. Денес своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. На натпреварот ќе судат меѓународно квалификувани судии од Бугарија и Србија. За значењето на натпреварот говори и фактот што тој ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната федерација за лизгање (ИСУ).

‼️ Skopje on Ice 2023  ‼️

🗓️ 10.02.2023 со почеток во 17:00 часот

🎥 https://www.youtube.com/watch?v=-24CBncca-0

🗓️ 11.02.2023 со почеток во 09:00 часот

🎥 https://www.youtube.com/watch?v=xKbsev5WnwU