Запознајте ги младите надежи што ќе ги бранат македонските бои во Дакар 2026!
Зад секој голем олимписки момент стојат години напорна работа, рани утрински тренинзи и дисциплина. За овие тројца млади спортисти, сонот станува реалност - тие се нашата гордост на Младинските олимписки игри!
Марио Брезовски - Триатлон (спринт триатлон)
Ева Митевска - Атлетика (100m)
Петар Цеков - Пливање (400m / 800m)
Тие се идното лице на македонскиот спорт. Секој од нив ја претставува силата, истрајноста и пасијата на новата генерација спортисти. Ова е само почеток на нивната приказна! Ајде да им ја дадеме целата поддршка, да го запомниме нивниот труд и да им посакаме успех на патот кон олимписките височини!