Инвестирањето во знаење и луѓе е темелот на секој спортски успех!
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес се одржа нов модул од Обуката за напреден спортски менаџмент, посветен на посебно значајната тема: „Управување со човечки ресурси“.
Клучни акценти од обуката:
Фасилитатор на модулот беше проф. д-р Ленче Алексовска Величковска - истакнат македонски спортски психолог, професорка и поранешна деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ.
Развој на современи стратегии за градење, мотивирање и водење на спортски тимови.
Зајакнување на капацитетите на спортските менаџери за поефикасно управување во спортските организации.
Продолжуваме со градење на силни, професионални и едуцирани спортски кадри за подобри резултати во македонскиот спорт!



