Назад
ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО АЕРОДРОМ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
001

Претседателот Димевски им врачи "Шампионски пехар" на градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и претставникот од Општина Ѓорче Петров за унапредување на спортот во основните училишта, места каде што се прават првите чекори на сите идни врвни спортисти.

002

Над 550 ученици од основните училишта од општините Аеродром и Ѓорче Петров се натпреваруваа во повеќе спортови на голем број полигони водени од врвните професори кои што ги имаат овие две општини.

007

Иницијативата организирана од Македонскиот Олимписки комитет, не само што ја поттикнува физичката активност, туку и го развива спортскиот дух и тимската игра кај нашите најмлади.

0002

Општините Аеродром и Ѓорче Петров продолжуваат да бидат најспортски општини вложувајќи во иднината на најмладите. Спортот е од огромна важност за нивниот физички, психички и емоционален развој.

0003

Македонскиот Олимписки комитет ја дава поддршката за младите спортисти и продолжува со посветеноста за создавање здрави и активни генерации.