Назад
Зајакнување на децата и младите преку спорт 🏅🎉

Денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржаа Мини олимписки игри, каде учество земаа 550 ученици од основните училишта на општините Аеродром и Ѓорче Петров. Учениците беа предводени од своите наставници и се натпреваруваа на шест полигони:  


- Фер-плеј судија ⚖  

- Баланс и пријателство*🤝  

- Тимска препрека 👫  

- Заеднички успех🏆  

- Ласер ран 🏃‍♀  

- Изградба на кула 🏗  


Припремата за овој настан траеше два месеци, а атмосферата во салата беше фантастична! Настанот беше исполнет со дружење, фер игра и многу насмевки. Секој ученик доби маичка и медал 🥇, а најдобрите тројца од вкупно 550 ученици се здобија со пехари 🏆.  


Огромна благодарност до градоначалниците на општините Аеродром и Ѓорче Петров за нивната поддршка, како и до директорите на основните училишта, наставниците и сите волонтери кои придонесоа за ова незаборавно искуство. 💖  


Продолжуваме понатаму со едукација на учениците и промоција на спортските вредности!🙌  


🎈✨ #МиниОлимпискиИгри #ДецаИСпорт #ЗаедничкиУспех