Назад
Едукативна Олимписка програма за развој на младите преку Олимписки вредности

Денес, во канцелариите на МОК се одржа втората обука која е во соработка со наставници од основни училишта од општина Аеродром и општина Ѓорче Петров.  


Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски го презентираше прирачникот со тема: “Едукативна Олимписка програма за развој на младите преку Олимписки вредности” 🏆.  


Прирачникот опфаќа основни принципи и симболи на олимпизмот и ги истакнува придобивките од спортот во личниот и општествениот развој. Се фокусира на придобивките од имплементацијата на олимписката програма во училиштата, посебно на физичкиот, емоционалниот, социјалниот и образовниот елемент кај учениците 🧠💪🤝📚. Завршните поглавја нудат практични совети за наставниците и стратегии за успешно спроведување на олимписки едукативни активности преку игри кои промовираат инклузија, почит и еднаквост 👫.  

Наставниците се запознаа и со практичните вежби кои ќе ги изведуваат за време на часовите по физичко образование ⚽🏅.  


Македонскиот Олимписки комитет на секое основно училиште му додели дел спортска опрема ⚽🥎🏓 која во следниот месец ќе биде значајно надополнета.