На општо задоволство на олимпиското семејство, конечно се расчистија формално правните дубиози и дуализам во раководењето со Националната пливачка и Голф федерација на Македонија, со упис на претседателите Горан Стојановски на местото на Александар Маленко и Наум Јанакиев на местото на Менче Николовска Папеш.
Со овој чин само се потврди фактичката состојба базирана на реалната спортска волја на спортските клубови од споменатите федерации, како и правното мислење и изградениот став на Спортско Арбитражниот Суд при МОК.
Исто така, после два неуспешни обиди за одржување на изборно Собрание на Одбојкарската федерација, конечно Петар Јовановски е реизбран за старо нов претседател.
На сите претседатели Македонскиот Олимписки Комитет им честита и посакува плодна соработка и многу заеднични спортски успеси.