*ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРЕКУ СПОРТ*
Со гордост го најавуваме проектот „Имплементирање на Олимписките вредности во образованието и граѓанската активност во Република Северна Македонија“!
Целта е да го подобриме училишното учество во спортот преку инклузивни вежби и да го користиме спортот како алатка за развој на меки вештини и граѓанска ангажираност.
Заеднички, во соработка со училиштата и локалните заедници од општина Аеродром и Ѓорче Петров, ќе ја зголемиме свеста за важноста на спортот и ќе поттикнеме младите да бидат активни учесници во нивните заедници.
Овој проект ќе го подобри учењето преку спорт, ќе ги зајакне наставниците и ќе поттикне размена меѓу училиштата, додека во заедницата ќе изградиме капацитети за соработка и единство.
#СпортВоОбразование #ОлимпискиВредности #Млади #ГраѓанскаАнгажираност #Единство #СпортИОбразование