*Македонскиот Олимписки Комитет започна со промоција на EYOF 2025 Скопје!*
Со гордост Ве известуваме дека МОК активно ја започнува својата работа и промовирање на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 на разни спортски настани, вклучувајќи го и Wizz Air Marathon Skopje 2024!
Покрај тоа, со особена посветеност започнавме проект за едукација на децата од основните училишта за Олимписките вредности – хуманост, единство, почит и фер игра. Целта е да го инспирираме младото поколение да ги живее овие вредности во спортот и во животот.
Очекуваме заедно да го доживееме EYOF 2025 и да го направиме Скопје центар на младинскиот спортски дух!
Во следниот период очекувајте информации за начин на аплицирање за и Вие бидете дел од организирање на овој спектакуларен настан кој ќе го обедини спортскиот свет.
#EYOF2025 #Skopje2025 #ОлимпискиВредности #ОбразованиеИСпорт #МладинскиСпорт




