Назад
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРЕКУ СПОРТ

🏅 *ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРЕКУ СПОРТ* 🏅


Со гордост го најавуваме проектот „Имплементирање на Олимписките вредности во образованието и граѓанската активност во Република Северна Македонија“! 🇲🇰


Целта е да го подобриме училишното учество во спортот преку инклузивни вежби и да го користиме спортот како алатка за развој на меки вештини и граѓанска ангажираност. 🙌


Заеднички, во соработка со училиштата и локалните заедници од општина Аеродром и Ѓорче Петров, ќе ја зголемиме свеста за важноста на спортот и ќе поттикнеме младите да бидат активни учесници во нивните заедници. 🤝


Овој проект ќе го подобри учењето преку спорт, ќе ги зајакне наставниците и ќе поттикне размена меѓу училиштата, додека во заедницата ќе изградиме капацитети за соработка и единство. 


#СпортВоОбразование #ОлимпискиВредности #Млади #ГраѓанскаАнгажираност #Единство #СпортИОбразование

mok post