Назад
Денес заврши настапот на двајца наши претставници

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот на Олимписките Игри во Париз, по поразот на денешната борба со Индиецот Амар Шерават.

Во првото коло во категоријата до 57 кг, Владимир Егоров  се сретна со петтиот носител на турнирот.

Борбата мина во целосна доминација на Шерават, кој славеше со убедливи 10-0, ставајќи крај на надежите дека Егоров би можел да стигне до позначаен резултат на овие Олимписки игри.


Egorov 2

Милјана Релиќ, 21 годишната мaкедонската таеквондистка ја шокираше 10 години постарата Џејд Џонс и тоа на свој прв олимписки настап.


Британката влезе како голем фаворит во борбата, особено ако се знае дека Џејд е светска, двократна олимписка и трократна европска шампионка во категоријата до 57 килограми.


Рељиќ ја доби првата рунда со 7:6, вториот го загуби со 5:4, а третата рунда заврши 1:1. Но како пресуден фактор за нејзината победа се покажаа поголемиот број на удари.

Во четвртфиналето, Мила се сретна со Либанката Летиција Аун. Рељиќ загуби во првиот сет со 9:8, во вториот беше израмнето 6:6, но поради повеќе удари во глава, претставничката од Либан ja доби и втората рунда, со што се пласираше во полуфиналето.


мила 1