Се уште сме под импресии од борбите кои ни ги сервираше Мила во текот на вчерашниот ден. Без респект кон противникот, со спортска дрскост, за момент се понадевавме на некое одличје, да бидеме горе на пиедесталот. Но во четвртфиналето на патот ни застана либанката Летиција Аун која во тесна борба успеа да слави над нашата најдобра таеквондистка.
- "Бевме одлично подготвени, ги слушав советите на тренерот, ја поминавме првата рунда. Во борбата со либанката ми фалеше малку спортска среќа. Тука не застануваме, продолжуваме кон нови и поголеми успеси", изјави Мила за нашиот веб сајт.
-"Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија, падна двократната Олимписка шампионка, Џејд Џонс", рече тренерот Ефтимов. Не го криеше задоволството да се биде дел од најпрестижниот турнир во нивните кариери.
Им посакуваме успеси во иднина, да ја радуваат Македонија, да не радуваат сите нас!