Назад
Нов модул од Обуката за напреден спортски менаџмент: “Управување со човечки ресурси”

Инвестирањето во знаење и луѓе е темелот на секој спортски успех!


Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес се одржа нов модул од Обуката за напреден спортски менаџмент, посветен на посебно значајната тема: „Управување со човечки ресурси“.


Клучни акценти од обуката:


🔹 Фасилитатор на модулот беше проф. д-р Ленче Алексовска Величковска - истакнат македонски спортски психолог, професорка и поранешна деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ.


🔹 Развој на современи стратегии за градење, мотивирање и водење на спортски тимови.


🔹 Зајакнување на капацитетите на спортските менаџери за поефикасно управување во спортските организации.


Продолжуваме со градење на силни, професионални и едуцирани спортски кадри за подобри резултати во македонскиот спорт!