Почитувани претставници на медиумите,
Ве известуваме дека процесот за изразување интерес за медиумски акредитации за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 (LA28) е официјално отворен. Порталот ќе биде достапен во периодот од 31 август до 23 октомври 2026 година.
Линк: https://www.olympics.com/ioc/accred2028
Како да пристапите до порталот:
1. Одете на почетната страна каде што пишува „Welcome! Press accreditation starts here.“
2. Внесете ја вашата е-маил адреса и кликнете на „Send me a link“.
3. На вашата електронска пошта ќе добиете линк за најава. Откако ќе кликнете на него, ќе ви се отвори прозорецот „LA28 Olympic Games Press Accreditation“.
Важни напомени пред аплицирањето:
Пред да започнете, ве молиме внимателно прочитајте ги информациите во делот FAQ (Најчесто поставувани прашања) кој е линкуван на дното од страницата (Need help? Read the FAQ linked below).
Оваа пријава претставува само изразување интерес (Expression of Interest) и не гарантира добивање на акредитација. Конечната одлука за доделување акредитации ја носи Националниот олимписки комитет (НОК), според квотите добиени од ИОК.
Дозволена е само една апликација по медиумска организација.
Апликацијата треба да биде поднесена од овластен претставник (спортски уредник, главен уредник или еквивалентна позиција).
Сите полиња означени со ѕвездичка (*) се задолжителни за пополнување. Останатите се опционални, но помагаат во процесирањето на вашата апликација.
Внимавајте точно да го изберете вашиот Национален олимписки комитет (НОК) од државата каде што е базиран вашиот медиум, бидејќи тие ќе ја водат целосната понатамошна комуникација со вас.
За било какви информации, стоиме на располагање.