Назад
Животот после спортот е нов почеток, а не крај.

Во Младинскиот центар во Струмица се одржа информативна презентација во рамки на европскиот проект PORTAL – SupPorting OlympiAns Transitioning to Real Life, посветена на една од најважните, но често занемарени теми во спортот – транзицијата на спортистите кон живот по завршувањето на спортската кариера.

Проектната координаторка Сара Глоговац ги запозна присутните со целите на проектот PORTAL, предизвиците со кои се соочуваат спортистите при преминот кон ново животно и професионално поглавје, како и со важноста од навремена поддршка за зачувување на менталното здравје, личниот развој и успешната интеграција надвор од спортот.

3

Во вториот дел од презентацијата, офицерката за транзиција Софија Арнаудова, која успешно ја заврши специјализираната европска обука и е сертифициран Transition Officer (TOP), им ја претстави на присутните својата улога во процесот на поддршка на спортистите. Таа зборуваше за значењето на индивидуалното советување, активното слушање, кариерното насочување и градењето мрежа на поддршка која им помага на спортистите полесно да ја поминат оваа значајна животна промена.

2

Присутните имаа можност да се запознаат и со PORTAL платформата, нејзините функционалности, начинот на регистрација и бројните ресурси што им се достапни на активните, пензионираните и спортистите кои се наоѓаат во процес на транзиција – од материјали за ментално здравје и благосостојба, до кариерно планирање, образовни можности и директна комуникација со сертифицирани офицери за транзиција.

4

Спортистите вложуваат години труд за да стигнат до врвот. Затоа, тие заслужуваат подеднаква поддршка и кога ќе започнат едно ново животно поглавје. PORTAL испраќа јасна порака – успехот не завршува со последниот натпревар, туку продолжува низ нови можности, нови цели и нови предизвици.


Проектот PORTAL е кофинансиран од Европската Унија. 

#CoFundedByEU