Назад
Велигденско дружење и работилница со децата со ретки болести

Бевме дел од предпразничното Велигденско дружење и работилница со децата со ретки болести, организирани од Европскиот универзитет.


Со донација, во која беше вклучена и нашата Shiny маскота, симбол на топлина и радост, сакавме да придонесеме за поубава атмосфера и насмевки кај децата.


Веруваме дека олимписките вредности се покажуваат и во вакви моменти, преку почит, поддршка и заедништво.


И благодариме на Д-р Александра Андреска Саревска за поканата и укажаната чест да бидеме дел од овој настан.


Среќни сме што бевме дел од ова убаво дружење 🤍

Слика 2
Слика 1