Во изминатите денови, околу 200 шефови на мисии од целиот свет, меѓу кои и нашата Елена Зисовска Апостолска, престојуваа во Сенегал, каде учествуваа на официјалниот семинар за Младинските олимписки игри Дакар 2026. Тие имаа можност од прва рака да се информираат за напредокот на организацијата, спортските капацитети, логистиката и сите клучни аспекти поврзани со подготовките за овој значаен настан.
Дакар 2026 ќе бидат историски игри, први Олимписки игри што се одржуваат на африканскиот континент, носејќи нова енергија и визија за иднината на спортот.
Се очекува учество на околу 2.700 млади спортисти од повеќе од 200 национални олимписки комитети, кои ќе се натпреваруваат во над 30 спортови и дисциплини.
Македонскиот олимписки комитет активно ги следи сите подготовки и е посветен на обезбедување најдобри услови за нашите млади спортисти на патот кон Дакар 2026 🇲🇰✨