Назад
Нов национален рекорд на Дарио Ивановски на 10.000 метри

🏃‍♂️ Нов национален рекорд на 10.000 метри!


Македонскиот атлетичар и стипендист на МОК, Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10.000 метри со време од 29:07.94 минути, постигнат на Купот на Македонија на Националната арена Тодор Проески.


Со овој резултат, Ивановски ја потврдува својата доминација на долги патеки и континуираниот напредок по неговиот настап на ЛОИ Париз 2024.


Под водство на тренерот Игор Јакимовски, тој продолжува да ги поместува границите на македонската атлетика и да поставува нови стандарди.


👏 Честитки за новиот национален рекорд!

Жан Тосев