Назад
МОК во работна посета на Струмица- Интензивна поддршка за развој и унапредување на локалниот спортски екосистем

Делегација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот Даниел Димевски, оствари работна посета на Општина Струмица со цел мапирање на состојбите во струмичкиот спорт и воспоставување системска соработка. Во делегацијата беа и генералниот секретар Ѓорѓи Тасев, како и раководителите Петар Спасеновски (Сектор спорт) и Сашо Поповски (Меѓународна соработка).

Предавања МОК-Струмица

Централен настан беше работната сесија со локалната спортска фела – тренери, поранешни спортисти, професори по физичко образование и претставници на клубовите. Во исклучително конструктивна атмосфера, отворено се дебатираше за реалните проблеми, при што не изостанаа ниту издржаните критики. Присутните го поздравија проактивниот теренски пристап на МОК како клучен чекор за креирање успешни спортски политики.

Дискусија МОК-Струмица_1

Делегацијата оствари средба и со градоначалникот Петар Јанков, кој, придружуван од советникот за спорт Ристо Ристов, ги презентираше актуелните предизвици и амбициозните инфраструктурни проекти кои општината ги планира за наредниот период.

Средба Градоначалник-МОК

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, јасно порача дека поддршката за Струмица нема да биде само декларативна. Беше најавено интензивно вклучување на МОК преку стручна и едукативна помош за спортските кадри, имплементација на програми за идентификација на таленти и јакнење на капацитетите на клубовите.

Оваа средба е силен импулс за создавање одржлив и модерен систем кој ќе генерира нови спортски надежи и ќе го врати сјајот на струмичкиот спорт.

Средба Градоначалник