Назад
„Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики”

Вчера се одржа значајна конференција посветена на фер играта, еднаквоста и нултата толеранција за родово базирано насилство во спортот, кој обедини голем број претставници од спортскиот, институционалниот и граѓанскиот сектор.


На настанот присуствуваа национални спортски федерации, претставници на општини, државни институции, спортски организации, експерти и спортисти, што уште еднаш ја потврди силната поддршка за создавање побезбеден, поправеден и инклузивен спортски систем.

03

Пред самиот почеток на програмата, настанот беше медиумски проследен со изјави, меѓу кои и обраќањето на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, кој ја потенцираше важноста од заедничко делување на институциите, федерациите и спортската заедница во борбата против дискриминацијата и насилството во спортот.

02

Во рамки на настанот се одржаа и воведни обраќања од високи претставници на институциите и меѓународните партнери, по што следеа два тематски панели посветени на:

* родовата еднаквост и инклузивност во спортот – политики, лидерство и пракса,

* родово базираното насилство врз жените во спортот и потребата од одговорност и системска заштита.

05

Преку отворена дискусија со експерти, претставници на институции, спортски федерации и професионални спортисти се отворија важни прашања за креирање политики, механизми за заштита и градење спортска култура базирана на почит, безбедност и еднакви можности за сите.


Настанот заврши со заклучоци и дефинирање на следните чекори, како и коктел за вмрежување, со цел продолжување на соработката меѓу сите засегнати страни.

01

#FairPlay #ЕднаквостВоСпортот #SafeSport #GenderEquality #SportForAll #Co-fundedByEU