Назад
Честит 8-ми март

Олимпискиот комитет силно се залага за родова еднаквост и еднакви можности за жените во спортот.


Во изминатата година презедовме конкретни чекори:

▫️ Спроведовме две истражувања за застапеноста на жените на лидерски и раководни позиции во спортот и за родово базираното насилство.

▫️ Организиравме јавни настани и дискусии посветени на родовата еднаквост во спортот.

▫️ Ги поддржавме националните спортски федерации да развијат акциски планови за родова еднаквост.

▫️ Промовиравме успешни жени како позитивни примери во македонскиот спорт.


Продолжуваме да работиме на препознавање, поддршка и охрабрување на младите спортистки, за тие да го развијат својот потенцијал и да остават силен белег во спортот.


💜 За спорт со еднакви можности за сите

MOK 8 mart