Назад
Промоција на ЕМОФ Скопје 2025

Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европски младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. Штандот на МОК во Сити Мол е отворен за посетители од 11 до 18 часот.

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан, кој од 20 до 26 јули годинава ќе го донесе олимпискиот дух во Скопје и Куманово.

Македонскиот олимписки комитет ги охрабрува сите граѓани да го посетат саемот, да се информираат, да се забавуваат и да станат дел од семејството на ЕМОФ Скопје 2025.

Преку учество на саемот „Outdoor and travel fair“, МОК продолжува да го гради мостот меѓу граѓаните и олимписките вредности, претставувајќи го фестивалот како настан од национално значење што ќе донесе позитивна енергија, спортски дух и незаборавни моменти за сите учесници и посетители.