Нашиот атлетичар Дарио Ивановски ја освои титулата на полумаратонот „Ду Мошн 2025“ во Дубровник, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:08:02 часот .
Дарио, како член на клубот „Охрид трчаТ“, се искачи на првото место во машката конкуренција, пред хрватскиот натпреварувач Жељко Цота и полскиот атлетичар Јакуб Галашевич .
Овој успех претставува уште еден значаен момент во кариерата на Дарио, кој претходно постави нов национален рекорд на маратон во Севилја со време од 2:08:25 часот.
Со оваа победа, Ивановски ја потврди својата доминација во регионалните трки и ја продолжи серијата на врвни резултати на меѓународната сцена.
Честитки за Дарио Ивановски за овој извонреден успех!