Македонскиот Олимписки комитет
денеска оддржа седници на Управниот одбор и редовното годишно собрание. На
истите едногласно беа усвоени финснискиот извештај, предлог буџетот за 2025
година, комплетниот извештај за работа во изминатата 2024 година како и новиот
состав на Собранието на МОК, комисиите, надзорниот одбор, Спортскиот
директориум и составот на Спортско Арбитражниот Суд (САС) сите за мандат 2025-
2029 година.
На седницата беше проширен и
Управниот одбор со нови членови.
Беа презентирани и
едногласно поддржани предлог статутарните измени кои што ќе бидат формално
правно усвоени од страна на новиот состав на собранието во периодот што следи.
На самиот крај беше формирано
ново тело - Македонска Олимписка дијаспора со три региони, Америка, Европа и
Австралија коешто ќе се грижи за контакти со македонската дијаспора во функција
на откривање на нови надежни спортисти со македонско потекло и корени како и
поврзување на нашите иселеници со својата татковина преку спортот.
Целосниот состав на сите избрани
органи и тела на следниве линкови
https://mok.org.mk/clenovi-sobranie/
https://mok.org.mk/komisii/