Бр.03-1/1 Скопје,
16. јануари 2025 година
До
Членовите на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ)
РЕДОВНО СОБРАНИЕ НА МОК
Почитувани,
Согласно чл. 28 и чл.29 од Статутот на ОКСМ, свикувам редовно Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, кое ќе се одржи на 31 Јануари 2025 година (петок), со почеток во 17:00 часот, во Олимпискиот дом СЦ “Јане Сандански“ - конференциска сала.
Редовното Собрание ќе го има следниот
Дневен ред:
- Избор на работно претседателство
- Избор на верификациона комисија
- Избор на записничар
- Избор на оверувач на записникот
- Усвојување на Записникот од последното одржано Собрание
- Усвојување на дневен ред
1. Финансиски извештај за 2024 година
2. Предлог буџет за 2025 година
3. Работен извештај за програмите на ОКСМ (Олимписки стипендии, реализација на Олимписки и спортски програми, ЕУ проекти/“Еразмус+“)
4. Измени и дополнувања на Статутот на ОКСМ во согласност со Олимписката повелба и препораките на ИОК за добро владеење и добри деловни практики
5. Избор на нови членови на Комисиите на ОКСМ
6. Избор на нов состав на Собранието на ОКСМ
7. Организација на летен Европски младински олимписки фестивал Скопје 2025
8. Разно
Со почит,
Претседател
Даниел Димевски
РАБОТНИ ДОКУМЕНТИ: