Назад
Македонија – Унгарија 27:27 на отворањето на СП 2025

Македонската ракометна репрезентација одигра одличен меч на отворањето на СП 2025, по голема борба ремизирајќи со Унгарија со 27-27. Фаворитот во групата беше пред пораз, во долги периоди нашата репрезентација доминираше на теренот, па иако овој бод е огромен, останува тагата што оваа беспрекорна партија, со извонредните навивачи на трибините, не беше крунисана и со триумф.

Филип Кузмановски беше клучна фигура во нашиот напад со девет гола, а по три пати прецизни беа Митев и Велковски. Митревски бранеше одлично и со 12 одбрани даде огромен придонес за овој фантастичен резултат.