Назад
Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација на локално ниво

Во организација на МОК и на Општините Велес и Свети Николе, а согласно програмата на ИОК, се одржа Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација на МОК / ИОК.

Обуката беше реализирана од страна на Даниел Димевски, претседател на МОК и Сашо Поповски, Генерален секретар и на неа присуствуваа градоначалникот на општина Свети Николе, г-дин Дејан Владев, претседателот на сојуз на спортови на општина Велес, спортисти и претставници од Општините, повеќе спортски клубови, здруженија за спорт, членови на општински сојузи, претставници на училишни спортски клубови и други спортски административци.

На оваа обука беа опфатени области како што се стратешкиот, финансискиот и проектниот менаџмент, организација на спортските организации, спортски маркетинг, развојни стратегии и односи меѓу спортските и јавните авторитети, стратешко планирање, менаџмент на ресурси (материјални, финансиски, временски), извори на финансирање, спортска медицина и слично.

Воедно во просториите на Општина Велес и Свети Николе, врз младите спортисти од Велес и Свети Николе беа извршени антропометриски мерења кои беа изведени со специјална опрема од Лабораторијата за високи спортски перформанси на МОК.

Спортските административци од Општините Велес и Свети Николе ја истакнаа нужната потреба од ваквите активности и зајакнување на капацитетите и знаењето на спортската администрација од двете општини.

МОК ќе продолжи со обуката на спортската администрација ширум Македонија, тесно соработувајќи со НСФ-ии, спортските клубови, спортистите, општините, спортските образовни институции и другите спортски ентитети во нашата држава. Исти вакви обуки МОК организира и во други градови низ Македонија и ќе продолжи и понатаму со слични едукативни активности.