Назад
АНДОН ДОНЧЕВСКИ ВО МОК

Денес во просториите на МОК беше првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски. Во име на Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа, почесниот претседател на МОК, г-динот Васил Тупурковски му ја врачи наградата "Спортски великан на Македонија". 

Претседателот на МОК, Даниел Димевски исто така го прогласи Дончевски за почесен член на Македонскиот олимписки комитет.