Назад
Плакета за претседателот на МОК Даниел Димевски за развој и поддршка на 55-тото издание на ,,Златен Гонг”

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, во име на МОК ја прими плакетата за развој и поддршка на боксот, на јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.

boks 01

Плакетата е доделена како признание за улогата на МОК во развојот на боксот. МОК останува еден од најголемите поддржувачи на овој спорт и на неговиот натамошен развој.

boks 02

На јубилејниот турнир настапија 89 боксери од 20 земји. Победник е украинскиот боксер Јурих Захариев, кој во финалето во категоријата до 75 килограми го совлада Лука Ребернак од Словенија со нокаут во втората рунда. За најдобра боксерка беше прогласена Лаура Галино Лопез од Шпанија, а за најдобар македонски боксер Алин Насуфи.

boks 04

МОК им честита на сите наградени, како и на сите учесници, тренери и организатори за успешното јубилејно издание.