Се одржа последниот партнерски состанок во рамките на проектот SCORE GREEN во Софија, Бугарија, на кој партнерските организации ги сумираа постигнатите резултати, споделија искуства и разговараа за долгорочното влијание на проектот.
Во фокусот на состанокот беа:
Реализираните локални активности - презентација на спроведените иницијативи, постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочија партнерите.
Резултатите и влијанието на проектот - анализа на придонесот кон зголемување на свеста за одржливост и воведување поодговорни практики во спортските организации.
Одржливост на резултатите - идентификување на најефикасните пристапи и можностите за нивна понатамошна примена во секојдневното работење на организациите.
Идни партнерства и можности - дискусија за проширување на иницијативата кон нови спортски организации и обезбедување поддршка преку идни проекти и извори на финансирање.
Со завршувањето на проектот, нашата посветеност кон позелен и поодржлив спорт продолжува!
Заедно градиме спортска заедница која се грижи за животната средина и создава позитивни промени за идните генерации!
#SCOREGREEN #GreenSport #CoFundedBuEU