Назад
ЈАВЕН ПОВИК: СТАНИ МЛАД ЕВРОПСКИ ОЛИМПИСКИ АМБАСАДОР (EYOA) ЗА EYOF 2027

Отворен е повикот за избор на Млади европски олимписки амбасадори (EYOA) за Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) во 2027 година. Ова е вашата шанса да бидете дел од тимот во Романија или Италија.


Дати на одржување:


• Зимски EYOF (Брашов, Романија): 14 – 21 февруари 2027 година


• Летен EYOF (Лињано Сабијадоро, Италија): 24 јули – 1 август 2027 година


Што е EYOA програмата? 


Програмата ги обединува младите лидери инспирирани од спортот и олимпизмот, со цел да ги промовираат олимписките вредности и да го поддржат ангажманот на младите спортисти пред, за време и по завршувањето на EYOF. 


Критериуми за пријавување:


• Возраст од 18 до 30 години. 


• Одлично познавање и ефективна комуникација на англиски јазик. 


• Достапност за целото времетраење на избраниот фестивал (зимски, летен или двата).


• Подготвеност за активна учество во едукативната програма пред, за време и по фестивалот. 


(Посебно се охрабруваат поранешни спортисти, олимпијци и поранешни учесници на EYOF/YOG да аплицираат!) 


Вашата улога: Како амбасадор, вие ќе ги инспирирате спортистите, ќе градите пријателства, ќе поттикнувате интеркултурен дијалог и ќе бидете позитивен модел за младите генерации. 


Трошоци за учество: Ве молиме имајте предвид дека трошоците поврзани со патувањето се на товара на самите апликанти, а сместувањето и учеството во програмата се покриени од организаторот.


Потребни документи за аплицирање: При пополнување на формуларот, задолжително треба да ги прикачите следните документи (во PDF формат, до 10 MB):


1. Curriculum Vitae (CV) – Професионална биографија.


2. Писмо за мотивација (Motivation Letter) – Кратко писмо на англиски јазик во кое ќе објасните зошто сакате да бидете дел од оваа програма.


3. Писмо за поддршка од Олимписки комитет (NOC Support Letter) 


Процес на избор:

По прегледот на апликациите, номинираните кандидати ќе бидат поканети на онлајн интервју. Избраните амбасадори ќе поминат низ заедничка едукативна програма која ќе ги подготви за нивната улога.


Како да аплицирате?

Пријавувањето се врши со пополнување на официјалниот формулар: 

🔗 Аплицирај тука - Google Формулар


Во делот за NOC Contact Person ставете ја Сара Глоговац (s.glogovac@mok.org.mk)


Краен рок за пријавување: 12 октомври 2026 година


Не ја пропуштајте оваа шанса да станете дел од меѓународната мрежа на млади олимписки лидери! 


За повеќе информации може да се обратите на: mok@mok.org.mk 


111