Назад
ИОК: Грант од 10.000 долари за секој олимпиец, почнувајќи од Милано Кортина 2026

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави одлична вест која директно ќе им помогне на спортистите ширум светот. За првпат досега на Олимписките игри, ИОК воведува нов грант наречен „Fit for the future“, преку кој секој олимпиец ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 американски долари.


Оваа иницијатива ќе започне да се применува од Зимските олимписки игри во Милано Кортина во 2026 година и ќе продолжи за сите наредни изданија на Игрите. Целта на овој грант е да им се даде финансиска стабилност на спортистите, да се поддржат нивните напори и да се вреднува нивната огромна посветеност кон спортот, независно од тоа дали ќе освојат медал.


Според ИОК, ова е голем чекор напред во зајакнувањето на статусот на олимпијците и подобрување на нивните услови за живот и тренинг пред и по натпреварувањата.


Македонскиот олимписки комитет (МОК) силно ја поздравува оваа иницијатива, истакнувајќи дека ваквата финансиска помош ќе биде од огромно значење за нашите олимпијци. Од МОК сметаат дека овој чекор ќе им овозможи на македонските спортисти уште повеќе да се фокусираат на своите подготовки, да ги подобрат условите за тренинг и достојно да ја претставуваат државата на најголемата спортска сцена.


Повеќе информации може да прочитате на следниот линк.

Athlete365