Назад
Мини Олимписки игри 2026 – Кавадарци

Со многу енергија, спортски дух и насмевки, во Кавадарци успешно се реализираа вторите Мини Олимписки игри 2026, во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност 🏅

Над 150 ученици беа дел од овој прекрасен спортски настан, каде преку шест различни игри и активности ги покажаа вистинските олимписки вредности – фер плеј, почит, тимска работа и пријателство.

Секој учесник доби маичка, сертификат и медал, додека најдобрите тројца беа наградени и со трофеи 🏆

Посебна заслуга за успешната реализација на настанот имаат 10-те наставници кои посветено работеа со учениците во текот на целиот процес, помагајќи им да го совладаат Олимпискиот учебен материјал и да се подготват за игрите. Благодарение на нивната посветеност, организацијата и атмосферата беа на навистина високо ниво.

Настанот беше проследен од наставници, директори на училишта и претставници од секторот за образование при Општина Кавадарци, кои ја истакнаа важноста од ваквите активности за младите. Од општината, како и директорите на училиштата, беше изразена желба за продолжување и продлабочување на соработката со Комитетот, со цел уште поголема афирмација и развој на спортот во Кавадарци – град кој со право го носи епитетот спортски град.

Дополнително, беа донирани спортска опрема за две училишта и училишен инвентар, со цел преку креативен и интерактивен пристап уште повеќе да се промовираат олимписките вредности кај младите.

А учениците? Тие беа вистинските херои на денот! 🔥

Многу смеа, навивање, дружење и натпреварувачки дух на секој чекор. Се играше со срце до последна секунда, а позитивната енергија создаде атмосфера што долго ќе се памети.

Ова е само почеток – продолжуваме уште посилно, со нови активности и уште повеќе спортски приказни низ целата држава!

кавадарци 1
кавадарци 3