Назад
„Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“

Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници! 


Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот Олимписки Комитет беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање истакна дека безбедноста, достоинството и заштитата на сите спортисти се темелни вредности на International Olympic Committee и Олимписката повелба.


Таа нагласи дека нема врвен и олимписки резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови чинители, и дека Македонскиот Олимписки Комитет ја има препознаено оваа тема како приоритет, со назначен офицер за заштита во спортот и тековен проект што ги опфаќа сите национални спортски федерации, со цел воспоставување конкретни механизми и политики за заштита. 


Настанот отвори значајна дискусија за предизвиците и решенијата за поголема безбедност, еднаквост и заштита на жените во спортот.

IMG-20260429-WA0018
IMG-20260429-WA0019