Назад
Владимир Егоров со злато од Меѓународниот турнир во борење слободен стил за мажи “Дан Колов и Никола Петров”

На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи Дан Колов и Никола Петров, кој се одржува во Пловдив, Владимир Егоров го освои златото.


Честитки до Владимир Егоров за извонредната победа! Тој брилијантно доминираше и заслужено го освои златниот медал во категоријата до 61 кг, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.


Особено горди сме што Владимир Егоров е стипендист на Македонски олимписки комитет, што претставува уште една потврда за неговиот континуиран развој и врвни спортски достигнувања.


На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби:

Во првата борба, со убедливи 11:0 го совлада противникот од Бугарија.

Во следното коло го победи Камил Керимов од Украина.

Во финалето, со сигурни 4:0 го совлада Никита Абрамов.


**61 кг.**

🥇 Владимир Егоров (Македонија)

🥈 Никита Абрамов (Украина)

🥉 Камил Керимов (Украина)

🥉 Стилиан Илиев (Бугарија)

Egorov