Назад
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОЛИМПИСКА ОБУКА ЗА НАПРЕДЕН СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ (ASMC) – ГЕНЕРАЦИЈА 2026

Македонскиот олимписки комитет (МОК), во рамките на програмите на Олимписката солидарност на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), го отвора повикот за запишување на новата генерација кандидати за престижната Олимписка обука за напреден спортски менаџмент.

Оваа шестмесечна програма е наменета за професионалци и администратори во спортските организации кои се стремат кон имплементација на највисоките меѓународни стандарди во управувањето со спортот.

Што нуди програмата?

- 7 клучни модули на управување (стратегија, маркетинг, финансии, човечки ресурси и организација и др.).

- Специјализирани модули за Анти-допинг и Спортска арбитража.

- Практична работа базирана на реални Case Studies.

- Меѓународно признаена диплома од ИОК по успешното завршување.

Критериуми за селекција:

- Минимум високо образование

- Активен ангажман во спортска федерација или клуб.

- Познавање на англиски јазик и напредни ИТ вештини.

📅 Краен рок за пријавување: 1 април 2026 година.

📧 Аплицирајте на: mok@mok.org.mk (со доставување на CV, мотивационо писмо и препорака од матичната организација).

Олимписката обука е планирано да започне почеток на месец мај во просториите на Македонскиот олимписки комитет (конференциска сала).

Инвестирајте во сопствениот професионален капацитет и бидете дел од новата ера на македонскиот спортски менаџмент.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://shorturl.at/AOAGg

MOK НАПРЕДЕН спортски менаџмент