Олимпискиот комитет силно се залага за родова еднаквост и еднакви можности за жените во спортот.
Во изминатата година презедовме конкретни чекори:
Спроведовме две истражувања за застапеноста на жените на лидерски и раководни позиции во спортот и за родово базираното насилство.
Организиравме јавни настани и дискусии посветени на родовата еднаквост во спортот.
Ги поддржавме националните спортски федерации да развијат акциски планови за родова еднаквост.
Промовиравме успешни жени како позитивни примери во македонскиот спорт.
Продолжуваме да работиме на препознавање, поддршка и охрабрување на младите спортистки, за тие да го развијат својот потенцијал и да остават силен белег во спортот.
За спорт со еднакви можности за сите